389 42 215 760

Денот на македонскиот јазик

Свечено и достоинствено беше одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, во соработка со средните училишта во градот.
🌟 Благодарност до сите учесници и менторки за прекрасните изведби, силните пораки и емоции претставени на нашата сцена.
✨ Посебна благодарност до нашите ценети гости, проф. Кристина Николовска за прекрасното обраќање и Ели Маказлиева како автор со прекрасни творби за македонскиот јазик.
🎶 Благодарност и до проф. Марјан Јанкоски и групата студенти од Факултетот за музичка уметност, кои со своите изведби допреа до нашите срца.
❤️ Исто така, благодарност до нашите фолклористи, членовите на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар.